03/15/2022 - 10:02
Лабораторијата за интервентна кардиологија започна да ја користи ротационата атеректомија на регуларна основа (висок степен на калцифирани артерии се пробиваат со бур-одреден тип на бургија). Не е за првпат кај нас но веројатно за првпат помладите заедно со постарите - непоколеблива екипа на сестри и лекари ја имплементираат процедурата на дневна основа. Чекор поблиску до комплетен третман на комплексните кардиоваскуларни случаи.