Одделот за интензивна нега овозможува 24 часовна грижа на најтешките форми на срцеви заболувања. Тоа се однесува на стабилизација и лекување на акутна исхемична болест на срцето, акутно настаната срцева слабост, болести во спроводниот систем на срцето како и други животозагрозувачки состојби од срцево потекло. Кај најтешките пациенти, покрај медикаментозниот третман овозможено е вклучување на механичка вентилација, поставување на привремен пејсмејкер и инвазивни линии за следење хемодинамски параметри. Достапната апаратура и обучениот кадар обезбедува континуирано мониторирање на овие пациенти.
Д-р. Оливер Бушљетиќ
Интензивен оддел - Опременост
ОПРЕМЕНОСТ
Одделот за интензивна нега има капацитет од 18 кревети, кои се поврзани со централен мониторинг за 24 часовно следење на неинвазивни и инвазивни хемодинамски параметри. Располага со 8 апарати за механичка вентилација, потоа преносен ехокардиографски апарат, апарат за гасни анализи.
Интензивна нега работно време
Алерт работно време
Смени и дежурства
Работното време на одделот за интензивна кардиолошка нега е 24/7, организирано на:
- Прва смена 7:00 - 14:00 (7 часа)
- Дежурство 14:00 - 7:30 (17:30 часа)
- Викенд дежурство 8:00 - 8:00 (24 часа)