Клиниката за кардиологија продолжува со изведување на ТАВИ процедури

12/05/2018 - 12:20
Клиниката за кардиологија продолжува со изведување на ТАВИ процедури

Др Зимбаков наведува дека успехот на овие процедури е резултат на тимската работа не само на екипата во сала од интервентни кардиолози и анестезиолог, туку и на кардиолозите од одделот за ехокардиографија и за интензивна нега, како и на радиолозите од Институтот за радиологија, кои се вклучени во подготовката на пациентите и следење по изведената процедура.

 

Клиниката за кардиологија продолжува со изведување на овие процедури, со план за золемување на бројот на пациенти и покрај многу високата цена на чинење на овие протези. Ова е значаен ограничувачки фактор, па така некои соседни земји, иако со многу поголем број на жители, имаат значајно помала бројка на изведени процедури.