Елизабета Србиновска Костовска е родена на 26.09.1961, во Скопје. Средно образование и Медицински факултет завршила во Скопје. Од 1985 година е вработена на Универзитетската Клиника за кардиологија, каде извршувала повеќе раководни функции и учествувала во воспоставување на повеќе дијагностички процедури.
Во 1991 година го одбранила магистерскиот труд на тема: Проценка на хроничната митрална регургитација, а 1995 ја одбранила својата докторска дисертација: “Проценка на вештачките протези на срцето, компликации и резултати по валвуларен репласман, со тоа се стекнала со научниот степен доктор на науки од научната област кардиологија.
Во 1988 година е избрана во звањето помлад ассистент по предметот Интерна пропедевтина и Интерна медицина a во 1991 година избрана е за редовен асистент по предметот Интерна пропедевтика и Интерна медицина на студентите по медицина и стоматологија, во 1997 за Научен соработник по истите предмети, а во 2001 година преминува во звањето Вонреден насловен професор по Интерна медицина.
Oд 2015 е редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје по предметот Интерна медицина и кардиологија. Специјализација по предметот Интерна медицина завршила во 1992, а субспецијализација по кардиологја во 2001.
Сегашна позиција
- Професор, Интерна медицина и кардиологија, Медицински факултет, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” Скопје, С. Македонија
- Специјалист по интерна медиција
- Субспецијалист по кардиологија,
- Раководител на Одделението за валвуларни и инфламаторни болести на срцето на Универзитетска Клиника за кардиоилогија, Скопје
- Претседател на Работната група за кардиоваскуларен имиџинг на Македонското здружение по кардиологија
Специфична ареа на интерес
- Валвуларни срцеви мани
- Вродени срцеви заболувања
- Срцева слабост
- Воспалителни болести на срцето
- Кардиомиопатии
Професионални активности
- Претходен Претседател на Македонското здружение по кардиологија, 2017-2022,
- Претседател на Работната група за кардиоваскуларен имиџинг на Македонското здружение по кардиологија
- Преставник во Работната група на кардиоваскуларен имиџинг на Европското здружение за кардиоваскуларен имиџинг во повеќе мандати
- Стручен соработник на Европското Здружение за кардиологија (Fellows of the ESC - FESC)
- Стручен соработник на Европското Здружение за кардиоваскуларен имиџинг ( Fellows of the EACVI-FEACVI)
- Стручен соработник на Американското здружение Американ Колеџ за кардиологија (Fellows of the ACC - FACC)
- Член на а) Европското здружение по кардиологија (ЕСЦ), б)Европското здружение за срцева слабост б)Европскиот совет за Валвуларни болести на срцето, г)Советот за Мозочен удар на ЕСЦ. д) Американскиот Колеџ за кардиологија.
- Национален координатор за водичи на ЕСЦ (National Guidelines Coordinator of the European Society of Cardiology),
- Национален координатор за Регистерот за срцева слабост – фаза 3 (National Coordinator of Heart Failure Phase III Registry),
- Национален координатор за Регистерот за срцева слабост - National Coordinator of Heart Failure Long Term Registry,
- Национален координатор за Регистерот од ЕСЦ “ Valvular Heart Diseases II Survey”,
- Национален координатор за Регистерот од ЕСЦ “Adult congenital Heart Diseases Survey”
- Дел од тимот на “ISCHEMIA research group”- одговорна на ехокардиографија
- Почесен член на српското Здрушение по кардиологија
- Поканет предавач на многу интернационални и светски конгреси од областа на ехокардиографијата и белодробната хипертензија
- Рецензент на повеќе водичи на Европското здружение по кардиологија: 2022, 2016 ESC Guideline of heart failure, 2021 ESC Guidelines for sport cardiology, 2020 ESC Guidelines of Adult Congenital Heart Diseases, ESC 2017 Guideline of VHD, ESC 2014 Guideline Hypertrophic cardiomyopaties и други.
- Одговорен уредник на едукативносто списание ”Лекарски весник” 10 години, сега почесен уредник
- Уреднички консултант на Journal od American College of Cardiology (JACC: Case Reports 2018-2020)
- Главен истражувач во мултинационален проект ”Peptide for life”
- Главен истражувач во Проектот поддржан од Медицинскиот факултет во Скопје, Северна Македонија „Предвидувачи на морбидитет и морталитет и стратификација на ризик кај пациенти со срцева слабост со намалена ејекциона фракција и напредна срцева слабост
- Ко-истражувач во мултицентрична студија “HERMES”
Други активности
- Долгогодишен координатор за ретки болести – белодробна хипертензија за Северна Македонија
Публикации
- Публицирани над 70 трудови во рецензирани меѓународни кардиолошки часописи
- Публицирани над 50 трудови во кардиолошки часописи со меѓународен уредувачки одбор
- Публикувани над 200 апстракти
- Автор на монографија “Валвуларен репласман”
- Коавтор со поглавија на многу домашни и странски стручни книги