Одделение за правни, нормативни и општи работи

Одделение за правни, нормативни и општи работи

Во одделението за правни, нормативни и општи работи се врши подготовка на сите нормативни акти на клиниката, се даваат стручни мислења за примена на законите и подзаконските акти, се изготвуваат внатрешни прописи за заштита на личните податоци и се обезбедува административно техничка помош

  • подготовка на сите нормативни акти на клиниката (статут, правилници, интерни акти, одлуки, решенија, договори и спогодби од значење за работата на универзитетската клиника) како и нивните измени и дополнувања
  • давање на стручни мислења за примена на законите и подзаконските акти од областа на здравството, вработените во јавниот сектор, работните односи како и други акти кои се однесуваат на правата на вработените како и права на пациентите
  • изготвување на внатрешни прописи за заштита на личните податоци како и нивно усогласување со законот и со прописите донесени врз основа на законот за обработка на личните податоци
  • обезбедување административно техничка помош на одделите и секторите на универзитетската клиника за прашања кои се од општ и заеднички интерес
Работно време
Понеделник-Петок: 07-15