18.08.2018
ЈЗУ УК за кардиологија Скопје стана побогата, стекна уште еден нов пријател - ПЕКАБЕСКО!
Компанијата ПЕКАБЕСКО Скопје обезбеди поддршка на ЈЗУ УК за кардиологија Скопје во пружањето на ефикасна и квалитетна здравствена заштита на кардиолошките пациенти по најсовремени стандарди со донација на опрема и медицински материјал.
ЈЗУ УК за кардиологија Скопје изразува голема благодарност до компанијата ПЕКАБЕСКО Скопје за донираната медицинска опрема во рамки на својата општествено одговорна политика на делување.