Историја
ЈЗУ Универзитетска клиника за кардиологија Скопје е правен следбеник на Јавната здравствена установа Универзитетски клинички центар Скопје. Клиниката за кардиологија Скопје е формирана во 1975 година со издвојување од интерните клиники, а својата функција ја извршуваше во рамките на Клинички центар.
Историски гледано, од 1996 година делот од Јавната здравствена установа Универзитетски клинички центар Скопје, функционирал како Организациона единица (ОЕ) и се нарекувал Институт за кардиоваскуларни заболувања.
По направената поделба во 2007 година установата продолжува да работи како самостоен правен субјект Јавна здравствена установа Универзитетска клиника за кардиологија Скопје за вршење на специјалистичко-консултативна и болничка дејност од областа на кардиологијата и кардиоваскуларните заболувања, во која се изведува образовна дејност, се врши усовршување на здравствените работници и научно-истражувачка дејност.
За клиниката секција Мисија
Мисија
ЈЗУ УК Кардиологија Скопје претставува установа со долготрајна традиција и искуство во давање и вршење на здравствени услуги, научно-истражувачка и образовна дејност, со целосна посветеност кон потребите и задоволството на пациентите. Достапна и безбедна за сите кои побаруваат здравствена заштита, со современа медицинска технологија, континуирана едукација на кадар и активности за ваша здравствена заштита.
За клиниката секција Визија 2
Обезбедувањето на лидерство и конкурентност во остварувањето на терцијалната заштита во областа на кардиологијата ќе доведе до функционална целина која води кон постигнување на основната цел а тоа е соодветна здравствена заштита и задоволство на пациентите.
За клиниката секција визија
Визија
Воведувањето на нови методи и техники во работењето, примена на медицина заснована на докази, управување со квалитетот на здравствена заштита, ефикасност и еднаквост ЈЗУ Универзитетска клиника за кардиологија Скопје е лидер во регионот за кардиоваскуларни болести и се стреми да ги постигне водечките центри во Европа и пошироко.
За клиниката секција Квалитет
Политиката за квалитет претставува основа за воспоставување цели за квалитет и ја усмерува Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за кардиологија Скопје во напорите за постојано подобрување.
За клиниката секција стручност
Стручност
Вршиме здравствени услуги кои бараат стручен, организациски и технолошки сложен и мултидисциплинарен здравствен третман од специјалноста по кардиологија, изградува и спроведува стручно-медицински доктринарни критериуми во својата област и укажува стручно-методолошка помош на здравствените установи од соодветна гранка на медицината. Нашата клиника располага со најсовремени технолошки уреди и исто така има соодветни сметувачки капацитети за нашите пациенти.