Одделение за јавни набавки

Одделението за јавни набавки учествува во подготовката на Планот за јавни набавки, усогласен со Финансискиот план одобрен од страна на ФЗОМ, во подготвувањето на буџетот, во изготвување на планот за јавни набавки и се грижи за спроведување на планот за набавки. Дава насоки и ја следи припремата и изработка на тендерските документации во координација со надлежните лица на оддели, болничка аптека и сектори.

Додатни информации, права и обврски
Раководи со одделението, ја организира, насочува и координира работата на одделението, ги распоредува работните задачи на вработените во одделението и ги оценува за нивната работа.
Учествува во подготовката на Планот за јавни набавки, усогласен со Финансискиот план одобрен од страна на ФЗОМ и во подготвувањето на буџетот, во изготвување на планот за јавни набавки и се грижи за спроведување на планот за набавки
Дава насоки и ја следи припремата и изработка на тендерските документации во координација со надлежните лица на оддели, болничка аптека и сектори
Подготовува потребни акти од започнување на постапката и врз основа на извештајот од спроведената постапка согласно Законот за јавни (Одлуки за јавни набавки, одлуки за избор)
Обезбедува помош и координација на Комисијата за јавни набавки; следи ажурирање на потребните документи во Електронскиот систем за јавни набавки на Бирото за јавни набавки
Ја следи и координира изработката на нарачки и следење на исцрпувањето во согласност со договорите за јавни набавки
Ги следи законските прописи во областа на набавките и е одговорен за правилна примена на истите
Го следи склучувањето на договорите и реализацијата на истите според законот за јавните набавки