Данче Митрева

Сектор за правни, административно технички и општи работи
Соработник
Правни и нормативни работи
Телефон
Права и обврски
подготовка на сите нормативни акти на клиниката (статут, правилници, интерни акти, одлуки, решенија, договори и спогодби од значење за работата на универзитетската клиника) како и нивните измени и дополнувања
давање на стручни мислења за примена на законите и подзаконските акти од областа на здравството, вработените во јавниот сектор, работните односи како и други акти кои се однесуваат на правата на вработените како и права на пациентите
изготвување на внатрешни прописи за заштита на личните податоци како и нивно усогласување со законот и со прописите донесени врз основа на законот за обработка на личните податоци
обезбедување административно техничка помош на одделите и секторите на универзитетската клиника за прашања кои се од општ и заеднички интерес

Одделение за правни, нормативни и општи работи

Секторот за правни, административно-технички и општи работи врши работи кои се однесуваат на нормативното и правното работење, работи кои се од општ и заеднички интерес за работењето на установата. Функционирањето на секторот е да спроведува регулаторна, координативно-стручна и нормативно-правна функција за законско и транспарентно реализирање на надлежностите.

Додатни информации, права и обврски
подготовка на сите нормативни акти на клиниката (статут, правилници, интерни акти, одлуки, решенија, договори и спогодби од значење за работата на универзитетската клиника) како и нивните измени и дополнувања
давање на стручни мислења за примена на законите и подзаконските акти од областа на здравството, вработените во јавниот сектор, работните односи како и други акти кои се однесуваат на правата на вработените како и права на пациентите
изготвување на внатрешни прописи за заштита на личните податоци како и нивно усогласување со законот и со прописите донесени врз основа на законот за обработка на личните податоци
обезбедување административно техничка помош на одделите и секторите на универзитетската клиника за прашања кои се од општ и заеднички интерес

Данче Митрева е родена на 07.10.1987 година во Гевгелија, каде го завршила и основното училиште. Средното образование го завршила во Гиманзија, ДСУ Јосиф Јосифовски - Гевгелија, со одличен успех. По национална припадност е македонка, мажена е и мајка на 2 деца.

Образование
2010-2011 Магистерски студии, насока правосудство
2009-2010 Специјалистички студии, специјалист по правосудство
2006-2009 Студент на Прв приватен ФОН Универзитет Скопје, Правен факултет, насока правосудно право – дипломиран правник
2002-2006 Гиманзија, ДСУ Јосиф Јосифовски – Гевгелија
Обуки и усовршување
2022 – “Медицински податоци – посебни категории лични податоци” – Здружение за промоција на правото на заштита на личните податоци Скопје Прајваси
2022 – “Заштита на личните податоци “– Агенција за заштита на личните податоци
2021 – “Усогласување со Законот за заштита на личните податоци “– Кoнцепт
2021 – “Насоки за ефикасна и ефективна примена на Законот за заштита на лични податоци” – Правоматика
2021 – “Предизвици во примена на Законот за вработени во јавниот сектор и Законот за административни службеници во пресрет на новите законски решенија” – АЦТ
2019 – учество во In-house обука “Јавни набавки – новини за кои треба да се припремаме” – Друштво за едукација, консалтинг и други интелектуални услуги Симпозиум ДОО Скопје
Информатички Технологии
Поседува сертификат за информатички технологии, има одлично познавање и активно ги користи сите канцелариски апликации.
Јазици
Македонски
Англиски
Српско-Хрватски
Работно искуство
2019 – ЈЗУ Универзитетска клиника за кардиологија Скопје
2013 – Друштво за производство, трговија и услуги Преслап Скопје - правник
2010-2013 – Адвокат Весна Аврамовска - адвокатски приправник
2012 – Адвокатска комора на Република Македонија - волонтер
2010 – ТП Галеб Стечаен управник – приправник
2009 – Адвокат Роксанда Паскоска – приправник
Публикации
Магистерски труд по предметот Граѓанско право, на тема “Институтот застареност во македонското и компаративното право”
Специјалистички труд по предметот Казнено процесно право, изработен на тема “Пресуда”
Дипломски труд по предметот Меѓународно приватно право, на тема “Арбитража”