Секторот за правни, административно-технички и општи работи врши работи кои се однесуваат на нормативното и правното работење, работи кои се од општ и заеднички интерес за работењето на установата. Функционирањето на секторот е да спроведува регулаторна, координативно-стручна и нормативно-правна функција за законско и транспарентно реализирање на надлежностите.
Додатни информации, права и обврски
подготовка на сите нормативни акти на клиниката (статут, правилници, интерни акти, одлуки, решенија, договори и спогодби од значење за работата на универзитетската клиника) како и нивните измени и дополнувања
давање на стручни мислења за примена на законите и подзаконските акти од областа на здравството, вработените во јавниот сектор, работните односи како и други акти кои се однесуваат на правата на вработените како и права на пациентите
изготвување на внатрешни прописи за заштита на личните податоци како и нивно усогласување со законот и со прописите донесени врз основа на законот за обработка на личните податоци
обезбедување административно техничка помош на одделите и секторите на универзитетската клиника за прашања кои се од општ и заеднички интерес