Одделот за Катетеризациона лабораторија при ЈЗУ УК за Кардиологија во Скопје е специјализиран оддел кој располага со простор, опрема и високостручен медицински персонал за извршување на специјалистичко-супспецијалистички здравствени услуги од областа на кардиологијата.
Главната функција на одделот е пружање на дијагностички и тераписки интервентни кардиолошки процедури, и други инвазивни дијагностички и терапевтски методи.
Одделот работи со современа технолошка опрема која е неопходна за изведување на овие комплексни процедури. Тераписки протоколи и процедури кои се применуваат се во согласност со најновите препораки од медицината базирана на докази.
Кадровски, одделот е екипиран со доктори на медицина – супспецијалисти кардиолози и обучен медицински персонал (медицински сестри).
Доц. д-р. Оливер Калпак
Дијана Димишковска