Кардиологија започна да ја користи ротационата атеректомија

15.03.2022
Лабораторијата за интервентна кардиологија започна да ја користи ротационата атеректомија

Лабораторијата за интервентна кардиологија започна да ја користи ротационата атеректомија на регуларна основа (висок степен на калцифирани артерии се пробиваат со бур-одреден тип на бургија). Не е за првпат кај нас но веројатно за првпат помладите заедно со постарите - непоколеблива екипа на сестри и лекари ја имплементираат процедурата на дневна основа. Чекор поблиску до комплетен третман на комплексните кардиоваскуларни случаи.