Волунтаризам и солидаритет

06.11.2021
Волунтаризам и солидаритет

JЗУ УК за кардиологија - Скопје во соработка со Институт за Tрансфузиона медицина реализираше добороволна крводарителска акција под мотото "ДАРУВАЈ КРВ, ЗАЧУВАЈ ЖИВОТ".

 


 


Крводарители беа вработените од клиниката вклучувајќи го и Организацискиот директор Дипл.екк.Насер Муареми (15 пат по ред) и Претседател на Управен Одбор.Доц.Др.Оливер Калпак (16 пат по ред).

 

 


Ќе се потрудиме ваквата акција  да стане традиција и да се  практикува два пати во текот на годината. Се надеваме дека со ова ќе ја мотивираме популацијата да станат солидарни и хумани со желба да спасат нечиј живот.