
Исхраната на кардиолошките болни е утврдена во диететскиот протокол составен по современите диететски стандарди. Видот на исхраната е во корелација со здравствената состојба на пациентот.
Исхрана на пациенти - оброци

Храната се обезбедува преку централната кујна од службата за општи и заеднички работи на клиничкиот кампус Мајка Тереза Скопје. При приемот надлежните помошно технички лица вршат проверка на квалитетот и квантитетот на примената храна.
Трите оброци во текот на денот се распоредени во следниот период:
- доручек од 8:30 до 09:30 часот
- ручек од 13:30 до 14:30 часот
- вечера од 18 до 19 часот
Исхрана на пациенти - алерт
Храната ја делат и сервираат помошно техничките лица серверки под надзор на одговорната медицинска сестра на одделот.
Исхрана на пациенти - алерт2
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Пациентите хоспитализирани на клиниката не смеат да внесуваат храна од надвор