На главниот влез на Клиниката е поставен вработенотено помошно техничко лице за Обезбедување на имот и објект, кој работи 24 часа.
Влезната врата на Клиниката се отвора во 06.00 часот , а се затвора во 20.00 часот. Пред и по овој термин на Клиниката можат да влегуваат само овластени лица, лица кои доаѓаат на итен преглед или за хоспитализација на Клиниката. Низ задната и споредните врати можат да влегуваат само овластени вработени лица односно лицата што работат на прием и дотур на храната, лекови и на исфрлување на отпадот.
Надворешна служба за обезбедување
Вработеното помошно техничко лице за Обезбедување на имот и објект не смее да дозволи влегување во клиниката на ниту едно лице доколку истото не доаѓа за извршување на службени работи и работни задачи или со барање за извршување на здравствена заштита. Доколку некое лице се обиде насилно да влезе за време на редовното работно време е обврзан за тоа да го извести претпоставениот раководител, а за време на сменското работење органите за внатрешни работи.
Безбедност на пациенти и вработени - секц1
Влез и излез
Одредено лице може да влезе во Клиниката само со издавање на пропусници или со телефонска потврда. Ваквиот начин на влегување портирот е должен да го евидентира во специјална книга. Вработенотеното помошно техничко лице за Обезбедување на имот и објект не смее да дозволи излегување на болните без одобрување од надлежните здравствени работници.
Безбедност на пациенти и вработени - алерт
Безбедност на пациенти и вработени - алерт 1
За безбедноста на вработените и пациентите на клиниката 24 часа се грижи надворешна служба за обезбедување. Вработенотеното помошно техничко лице за Обезбедување на имот и објект учествува во транспорт на пациенти до ургентна амбуланта и пациенти кои се за прием.
Безбедност на пациенти и вработени - алерт 2
Во случај на загрозена безбедност на пациентите и здравствениот персонал делува во рамки на службените овластувања, за заштита на интересите на пациентите и здравствените работници и соработници, како и за останатите вработени на клиниката