29.12.2020
Клиниката за кардиологија изврши уште една комплексна интервенција на дисекција на аорта кај 51 годишен пациент. Станува збор за пациент со тешка дисекција на аорта, кој бил препратен од друга болница со болка во градите и грбот. Овој тип на интервенции е доста сложен и мора да се интервенира ведаш за да се спаси животот на пациентот. Тимот кој ја изврши оваа операција го предводеше д-р Жан Зимбаков заедно со д-р Игор Спироски - интервентен кардиолог, Стефанија Хаџиевска - анестезиолог и д-р Мишел Андов - васкуларен хирург. Благодарение на целиот тим процедурата успешно е завршена, со одличен резултат.