УК Кардиологија го одбележува светскиот ден на срцето

29.09.2021
УК Кардиологија го одбележува светскиот ден на срцето

Денес (29 Септември) го означува Светскиот ден на Срцето. На овој ден, кога светот сеуште се бори со пандемијата предизвикана од COVID-19, никогаш не сме биле посвесни за важноста на нашето здравје и здравјето на нашите најблиски. Така оваа година Светскиот ден на Срцето е најважен од сите до сега. Сега е шансата за сите нас, да се обезбедиме дека ги негуваме и чуваме правилно нашите срца.

 


Кардиоваскуларната болест е најголемиот убиец на светот. Таа има многу причини од пушење цигари, дијабетес, висок крвен притисок, до загадувањето на воздухот и други болести.Во 2019 година 17,9 милиони луѓе во светот умреа поради кардиоваскуларни заболувања, односно 32% од сите смртни случаи глобално. Од нив 85% беа како резултат на срцев или мозочен удар. Во Европа Кардиоваскуларната болест е главна причина за смрт, и тоа кај 47% од жените и 39% од мажите.

530 милиони луѓе во светот живеат со Кардиоваскуларна болест и за нив пандемијата со COVID -19 беше уништувачка. Нашите пациенти беа најподложни за развивање на тешка форма од вирусната инфекција. И поради тоа многу од пациентите се плашеа да се јават на своите рутински и закажани контроли, и се изолираа од своите семејства и блиски. Пациентите кои доживуваа срцев удар го одложуваа нивниот итен есенцијален третман, поради страв од заразување, предизвикувајќи нова јавна здравствена криза.

Универзитетската Клиника за Кардиологија е секогаш достапна за своите пациенти, дури и во овие најтешки времиња на COVID -19 пандемијата. Иако во моментот дел од клиниката функционира и како Ковид центар со цел да ги третира пациентите со Кардиоваскуларни заболувања заразени со COVID-19, останатиот дел на клиниката работи со целосен капацитет, вклучително и голем  број на коронарни интервенции,  како и останати дијагностички процедури. Ги охрабруваме пациентите да продолжат со својата рутинска нега на срцето со цел да се обезбедат дека ќе останат здрави.Што побрзо се третира болеста на срцето толку подобар е исходот кај пациентите и намалени се ризиците од компликации. 


Помогнете ни да го зачуваме вашето срце