Оддел за интензивна нега

Одделот за интензивна нега овозможува 24 часовна грижа на најтешките форми на срцеви заболувања. Тоа се однесува на стабилизација и лекување на акутна исхемична болест на срцето, акутно настаната срцева слабост, болести во спроводниот систем на срцето како и други животозагрозувачки состојби од срцево потекло. Кај најтешките пациенти, покрај медикаментозниот третман овозможено е вклучување на механичка вентилација, поставување на привремен пејсмејкер и инвазивни линии за следење хемодинамски параметри. Достапната апаратура и обучениот кадар обезбедува континуирано мониторирање на овие пациенти.

Одделот за интензивна нега има капацитет од 18 кревети, кои се поврзани со централен мониторинг за 24 часовно следење на неинвазивни и инвазивни хемодинамски параметри. Располага со 8 апарати за механичка вентилација, преносен ехокардиографски апарат, апарат за гасни анализи.

Додатни информации, права и обврски
18 кревети со централен мониторинг за 24 часовно следење
8 апарати за механичка вентилација
преносен ехокардиографски апарат
апарат за гасни анализи