Секторот за финансиско работење и сметководство врши управување со функционирањето на секторот, на материјално-финансиските работи, сметководството и јавните набавки во функција на законско и транспарентно реализирање на надлежностите.
Додатни информации, права и обврски
Ја планира, организира и координира работата на секторот, спроведува надзор и дава насоки и упатства за работа на вработените, го следи, контролира и оценува работењето на вработените.
Подготвува предлог - план за работа на секторот и подготовка на извештаи за напредокот во спроведувањето на програмата за работа на секторот со кое раководи и одделенијата во состав.
Подготовува предлози за политики по начелни прашања од надлежност на секторот со кое раководи и подготовка на мислења и анализи за прашања поврзани со одредени политики и со остварувањето на програмата за работа на секторот, кои бараат одлуки.
Подготовува иницијативи за решавање на одделни прашања и проблеми од делокруг на секторот со кое раководи и други материјали
Пренесува инструкции од менаџерот и дава насоки за нивното спроведување
Предлага елементи на финансовиот план и бизнис планот на Клиниката, се грижи за подготовка и следење на извршувањето на буџетот на клиниката и врши пресметки за пренамена на средствата од ставки од буџетот за други намени и доставува извештаи до ФЗО/МИЗ
Врши редовни консултации со службите во Министерството и ФЗО, изработува финансиски планови, годишни завршни сметки и извештаи, ги спроведува сите упатства од Министерство и ФЗО и доставува редовни извештаи до нив.
Врши контрола на исправноста на налозите за книжење, состојбата на аналитички и синтетички сметки по законот и правилниците за книговодство и трезорско работење и ја контролира месечната реализација на Клиниката.
Учествува во изготвување и спроведување на планот за јавни набавки на Клиниката и го контролира спроведувањето на Планот за јавни набавки согласно Законот за јавни набавки