Др Магдалена Отљанска родена во Скопје каде го завршила основното, средното и високото образование. Димпломирала на Медицински факултет Скопје 1984 година, специјализира интерна медицина и субспецијализација кардиологија.
Во 1999 година магистирира на тема "Примена на АЦЕ инхибитори кај хронична срцева слабост" и се здобила со звање магистер по медицински науки. Во 2004 година докторирала на тема ''Невроендокринолошки промени кај гранична хипертензија" на Медицински факултет Скопје и се здобила со звање доктор на медицински науки. Од 1994 година е избрана за ассистент на Медицински факултет Скопје, со сегашно звање Насл.Вон.Проф.на Медицински факултет Скопје.
Активно се служи со англиски јазик. Автор и коавтор на бројни публицирани трудови и предавач на акредитирани работилници, симпозиуми и конгреси за лекари од општа медицинска пракса, интернисти, кардиолози. Посетувала симпозиуми и конгреси од областа на кардиологијата во земјата и странство. Вработена на Универзитетска Клиника за кардиологија од 1988 година, раководител на оддел за Срцева слабост, артериска хипертензија и превентивна кардиологија од 2018 година.