Одделение за ИТ системи и подршка

Одделение за ИТ системии подршка

Ефикасно, ефективно и квалитетно раководење, организирање и координирање работи во одделението и навремено, законито и квалитетно извршување на сите планирани информатички активности

  • проектира, инсталира, одржува и развива ИТ систем на клиниката, предлага решенија за унапредување на работата на Клиниката од аспект на информатичкиот систем.
  • обезбедува услови за централно поврзување со корисниците на информатичкиот систем.
  • се грижи за ресурсите поврзани со информатичката опрема, како што се: хардвер, софтвер, апликационен софтвер, инфраструктурата и сл.
  • врши администрација на системот за електронско здравство, и електронскиот систем за јавни набавки.
  • обезбедува заштита на податоците од нивно бришење или од губење, од неовластено менување и неовластено користење.
  • учествува во изработка и одржување на веб страна на клиниката и администрирање на службените меил адреси, спроведува активности поврзани со навремено објавување на информации за промотивните активности и последни достигнувања на клиниката на интернет страната и социјалните мрежи.
  • дава насоки за поставување и одржување на мрежното поврзување и одржување на системот за интернет конекција како и одржување на телефонските линии и апарати, одржување и управување на системот за безбедносни камери (видео надзор) и системот за редовност на работно време.
  • се води грижа за податоците од електронското архивирање и евиденцијата на медицинската документација на пациентите согласно Законот за евиденција во областа на здравството.
Работно време
Пон-Пет: 07:00-15:00