Професионална соработка помеѓу двете најголеми кардиолошки установи

05.02.2019
Професионална соработка помеѓу двете најголеми кардиолошки  установи

Универзитетска Клиника за кардиологија - Скопје како врвна здравствена институција во државата и ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни болести - Охрид, започнаа активно да развиваваат соработка  во интерес на медицината, науката и квалитетот на услуги на нашите пациенти.

 

 

 

 

 

Во тек на вчерашниот ден заеднички тим од двете установи  извршија имплантација на  два трајни електростимулатори на пациенти. Во присуство на директорите на двете установи  Др.Жан Зимбаков  и Др.Елена Коваческа Башуроска беше официјализирана вистинска соработка.

 

 

Оваа соработка ќе вроди со натамошен развој  на медицинската  наука, воведување на  нови процедури и методи  и во крајна линија  континуитет во подобрување на квалитет на услуги за пациентите.