TEST-Vlado1 Историја

Наслов

ЈЗУ УК за Државна Кардиохирургија, за прв пат како самостоен правен  субјект е формирана на 22. јануари 2014 година со одлука на Влада на Република Македонија за Основање на Јавна здравствена установа Универзитетска клиника за Државна кардиохирургија Скопје бр. 42-118/1 (Службен весник на РМ бр. 17/2014).

ЈЗУ УК за Државна кардиохирургија – Скопје се наоѓа во состав на комплексот на Клиники “ Мајка Тереза”.

Поднаслов

Првата кардиохируршка операција на Клиниката  за кардиохирургија е извршена на 19 март 2014 година на Хируршките клиники во комплексот на клиники Мајка Тереза од страна на   врвен стручен тим од Италија предводен од кардиохирургот Д-р Роберто Чини, како и професор доктор Сашко Јовев, специјалист по општа и субспецијалист по кардиохирургија.

На 26 јуни 2015 година  беа отврени и новите простории на ЈЗУ УК за Државна кардиохирургија со простор од 750м2, лоциран на вториот кат од сегашниот објект на ЈЗУ УК за Кардиологијакоишто се комплетно реновирани и опремени со најсовремена медицинска опрема, по последни европски стандарди. Просторот е реконструиран и целосно оспособен  за вршење на кардиохируршка дејност.

ЈЗУ УК за Државна кардиохирургија има успешна и долгогодишна соработка со реномираната Триемли Штад Хоспитал( Stadtspital Triemli) Цирих, Швајцарија која е пример за поставување на стандарди, процеси, протоколи и процедури на работа, како и Институтот за кардиоваскуларни болести “ Дедиње “, Република Србија и најголемиот и најуспешен универзитет во Рим, Италија “ Sapienza “.